Регион

Страчинарски игри во Мокриево

Звукот на ѕвонците и тропотот на страшни маски изработени од крзно и волна ги исполнија улиците во подбеласичко Мокриево, за карневалот на Василица. Страчинарите ги посетија куќите на мештаните и ритуално ги бркаа злите духови од селото.

Десетта година по ред, манифестацијата е организирана и маските имаат натпреварувачки карактер. Инвентивноста на учесниците постојано изненадува, но секогаш маските се поврзани со традицијата и обичаите.

„Ние сме од Петрич, Бугарија. Не покани општина Ново Село и ете на на овие страчинарски игри. ЈА претставуваме борбата против злите сили и навестувањето на пролетта,“ рече учесник од Р.Бугарија.

Страчинарите во минатото шетале за време на таканаречените некрстени денови и обезбедувале храна за сиромашните. И денеска, колбасите и качамакот се заштитен знак на овие игри.

„За оваа година како и ланската имаме подготвено 120 килограми колбаси и 90 килограми качамак, или по наше, бракадан. Се трудиме оваа манифестација да биде успешна и покрај лошите временски услови“, вели Живко Спасов, организатор.

Ѕвонците кои што ги известуваат жителите дека е време да се соберат на средсело имаат и друга намена. Според верувањата децата со говорна маана треба од нив да се напијат греена ракија. Иако денес овие верувања се надминати, сепак, тешките метални ѕвинци имаат централна улога на манифестацијата, како симбол на страчинарите.

Сузана Мицева

Препорачуваме:

Граѓаните синоќа на форумот одлучија:Реконструкција на клон 4 , нова детска градинка во Дабиле и изградба на дом за стари и изнемоштени лица во Струмица

Стојне Митева

Хоџа: Рокот за откупот на тутун се пролонгира до 31 март

Гевгеличани со предупредувачки барикади за законот за отпад

Ване Трајков