Регион

Дојранското езеро под мраз, концесионерот тврди дека нема опасност за рибите

Ледената покривка на Дојранското Езеро не е опасна за рибите, тврди концесионерот. Мразот длабок 12 сантиметри кој што го покрива најголемиот дел од езерото, не е закана за живиот свет вели Илчо Парчев, бидејќи на одредени места имало дупки од каде што влегува кислород.

„Не е целосно замрзнато езерото, има дупки на одредени места од каде што влегува кислород, а кислород има и во водата, така што нема опасност за живиот свет“, рече Илчо Парчев концесионер на Дојранското Езеро.

Ваквата ситуација сепак, не им оди во прилог на птиците кои што во текот на зимскиот период се собираат околу езерото и се прехрануваат со рибите. Парчев вели дека храната за нив е намалена, но тие сепак успеваат да уловат храна преку отворите.

Езерото почна да замрзнува уште минатата недела, кога температурите се спуштија до -12 степени целзиусови. До неделата замрзната беше една третина од езерото, а овие денови речиси цело езеро е покриена со мраз.

Сузана Мицева

Препорачуваме:

Еуромакс ја чека дозволата за експлоатација на руда од Иловица

Прес на СЈО во живо во 11 часот

Dimitar Micev

Со кампања ќе се одбележи Денот на лицата со Даун синдром

Сузана Мицева