Регион

Општина Струмица: Се чисти снегот во градот и населените места

Од општина Струмица информираат дека по првиот паднат снег на територијата на општината, зимската служба на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ излегла на терен и почнала со чистење на улиците во градот.

Од локалната власт велат дека покрај улиците во градот се чистат и локалните патишта во населените места. Фирмата Клико градба била во Куклиш и го чистила патот од Куклиш кон Свидовица, а се чистело и во Муртино. Од снежните врнежи се чистеле и локалните патишта од Струмица кон населените места Добрејци и Просениково.

Од „Комуналец“ велат дека се  подготвени за справување со последиците од снегот и ниските температури кои што се најавуваат за во наредните денови.
Комуналното претпријатие вели дека чистењето се врши согласно Програмата за одржување на улици и локални патишта во зимски услови донесена на Советот на општина Струмица. Согласно таа Програма ангажирани биле фирми кои што поседуваат соодветна механизација за чистење на улиците и локалните патишта од снежните врнежи.

Препорачуваме:

ЗАВРШИ САНАЦИЈАТА НА ПАТОТ МИРАВЦИ-ДАВИДОВО

НЕВРЕМЕ ВО СТРУМИЦА

Dimitar Micev

Инспекторите се’ уште ги чекаат документите од МЖСПП за Ѓавато

Сузана Мицева