Спорт

Видео – Струмица поразена ама Зоки повторно со НБА атракција, кош од центарот без да го гледа

Верниот посетител на дуелите на КК Струмица, Зоран Костов (31) повторно ги освои аплаузите од посетителите во спортската сала Парк. На полувремето од деулот Струмица-Фени Индустри, тој завртен со грб без да ја гледа кошаркарската табла, постигна кош речиси од центарот на теренот. Ова е втора негова НБА атракција откако на идентичен начин постигна кош на дуелот Струмица – Работнички и ги изненади присутните во Парк 

,, Кошарката е мојата љубов и секогаш на полувреме се обидувам да давам кошеви од огромна далечина. Никогаш ниту сум тренирал ниту играл но нема натпревар на КК Струмица а да не сум во салата Парк. Овие кошеви ги постигнувам за да има повеќе посетители и да го бодреме нашиот клуб,,  изјави за ВИС СПОРТ  31 годишниот Зоран кој беше испратен со огромен аплауз од пристуните по постигнувањето на неверојатниот кош од центарот на теренот без да го гледа кошот

Што се однесува до натпреварот Струмица – Фени, тој го добија гостите од Кавадарци со резултат 62:71. Во текот на средбата Фени индустри постојано имаше резултатска предност од 10 тина поени. Струмичани се обидуваа да ја намалат предноста,  но шутот за три и променливата игра во одбраната повторно ги ,,уништи,, надежите за трета победа. Се  разбудија во финишот кога негативата ја сведоа под 10 но немаа сили за пресврт. Гостинскиот играч Чешковиќ кој беше најефикасен на паркетот не дозволи победата да им избега  во натпревар во кој целосно се загуби судиската тројка  Митровски, Павлов и Панов со многуте контрадикторни и неусогласени одлуки.

Еве го кошот снимен преку објективот на Канал ВИС и снимателот Тане Коџабашиев

Препорачуваме:

СОУУД „Димитар Влахов“ од Струмица убедлив победник на зонскиот натпревар во женски футсал

Ѓ. K.

Наскоро нов Фудбалски клуб во Струмица кој ќе работи по холандска програма

Видео – Беласица ги почна подготовките за Шампион во Трета и пласман во Втора лига

Ване Трајков