Спорт

Македонија Макс лесно против Пелистер Волеј

Без поголеми проблеми Македонија Макс дојде до победата против Пелистер Волеј во рамките на шестото  коло од Првата женска одбојкарска лига. За час и 15 минути  струмичанки  славеа со 3:0 во сетови ( 25:23. 25:19. 25:17) против гостинските од Битола.

Битолчанки се заканија единствено во првиот сет пред се заради  ,,лежерниот,, пристап на домакинките. Сето останато беше само рутина за избраничките на Зоран Јанков кој ја остварија 4 победа за зацврстување на третата позиција во женскиот шампионат.

Снимка од овој дуел можете да гледате вечерва во 22,30 на програмата на Канал ВИС

Препорачуваме:

Струмица забележа победа, Охрид немаше сила за изненадување

Ване Трајков

Видео – Наковски волеј организира силен одбојкарски турнир со Шампиони

Славје во Акадeмија Пандев, тага кај Хоризонт Турново, следната сезона во Втора лига

Ване Трајков