Спорт

Љупчо Дориев од А.Пандев повикан за фудбалската репрезентација на Македонија да игра заедно со Горан Пандев

Лупче Дориев од Академија Пандев има можност да заигра за најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија доколку ја потврди својата игра и форма пред одговорните на репрезентацијата.  Тој е повика на претстојниот селективниот камп на А репрезентацијата на Македонија кој ќе се одржи од од 9 до 14 декември  во Скопје.

Според информациите од Академијата, ова е резултат на успешните настапи на Љупчо Дориев во тековната сезона кои не останаа незабележани од селекторот на Македонија,  Игор Ангеловски. Ова е прв фудбалер на Академија Пандев кој е повикан да го носи националниот фудбалски дрес на Македонија.

Дали Дориев ќе стане постојан член на репрезентација и ќе  заигра рамо до рамо со неговиот ,, ментор ,, Горан Пандев  времето ќе покаже.

 

Препорачуваме:

Македонија на ЕП против светскиот вицепрвак

Ѓ. K.

ПМФЛ: Брера го совлада шампионот Струга

Ѓ. K.

ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиле е државен првак во футсал за основни училишта во машка конкуренција

Ѓ. K.