Спорт

Кој ќе слави, Наковски Волеј или Македонија Макс – прво градско одбојкарско дерби !

За првпат во историјата на струмичката одбојка ќе има женско одбојкарско градско дерби. Утревечер (3.12) во салата пр СОУ ,,Димитар Влахов,, во Струмица со почеток во 20 часот, тимот на Хари Наковски го пречекува поискусниот состав – екипата на Зоран Јанков.

Ако се суди по досегашниот учинок Македонија Макс ја има фаворитската улога наспорти Наковски Волеј. Макс има две победи во 4 кола и вкупно 6 бода и се наога на третата позиција на табелата. Младите девојки од Наковски волеј пак имаат само една победа. Но првата меѓусебна пресметка е дополнителна мотивација за двата тима. Желбата за самодокажување и престиж ќе биде инспирација за струмичанки од двата табора

Салата при Димитар Влахов ќе биде мегданот каде девојките ќе ги презентираат одбојкарските вештини. Поискусните или помладите. Едни од нив ќе забележат победа а посетителите ќе имаат можност да уживаат и да ги бодрат двата тима составени исклучиво со струмички деца

Препорачуваме:

Струмица Никоб хрватска Мурса ќе ја пречека во сала Парк на 11 Октомври

Ване Трајков

ОК „Наковски волеј“ објави уписи на нови членови за сезона 2023/2024

Ѓ. K.

Утре во Струмица по 4. пат Меморијал „Илија Караманов“

Ѓ. K.