Регион

Познат идентитетот на жртвите од синоќешната несреќа кај Бучим

Познати се идентитетите на жртвите во синоќешната сообраќајна несреќа на регионалниот пат Радовиш-Штип. 50 годишна струмичанка и 43 годишен скопјанец загинаа при судирот на автомобил мерцедес со скопски регистарски таблички , во кој се возеле настраданите, и автобус на Струмица Експрес. Очевидци, патници во автобусот, велат дека патничкото возило кое што се движело во правец од Штип кон Радовиш, изгубило контрола и удрило во автобусот кој што доаѓал од спротивната страна.

13мината патници во автобусот поминале со телесни повреди. Две потешко повредени студентки од Струмица се пренесени до Клиничкиот центар во Штип, додека на останатите им е укажана помош во радовишката болница. Сите се во стабилна здравствена состојба.

Според Мвр, несреќата се случила синоќа во 18.35 минути на крстосницата кај рудникот Бучим. Увидот на полициските екипи и јавниот обвинител траеше околу три часа, а сообраќајот беше прекинат во двата правци. Истрагата е во тек. Засега нема официјални информации кои се причините за несреќата.

Препорачуваме:

Децата да се вакцинираат оти нема да ги запишуваат во училиште,дециден министерот за образование и наука

Стојне Митева

Три години по изградбата се уште не се поделени становите од социјалната зграда во Струмица

13 дечиња од детските градинки во Струмица , утре се враќаат од изолација