Спорт

Македонија Макс преку УГД Штип ја најавува првата максимална победа

Одбојкарките на ,,Македонија Макс,, сабота во 14 часот во салата на ООУ ,, Видео Подгорец,, од Струмица го пречекува тимот на УГД од Штип. Струмичанки сеуште немаат максимална победа . Откако претрпеа пораз во Куманово, освоија бод против Јанта на свој терен и  тајбрејк победа во Тетово против ,,Универзитет,, каде собраа два бода,  сигурни три бода најавуваат против штипските одбојкарки кои досега по прикажаната игра се прикажаа незгоден противник

Наспроти струмичанки  ,,УГД,, има две целосни победи и гостински пораз кај Јанта и со 6 бода е пред Македонија Макс на табелата, кои досега имаа тежок распоред од шампионатот во воведните три кола. Но избраничките на Зоран Јанков велат дека утре ќе го прекинат ,,постот,, и ќе слават победа и трите бода ќе останат во Струмица со оглед дека во продолжението од шампионатот имаат полесни противнички

Препорачуваме:

Дени Илиев – Ја сакам Беласица а ракавиците ги донирав оти сакам пролетва гол да не примат !

Ване Трајков

Во недела промоција на инфо таблата со имињата на сите спортисти од населбата Бабјак во Струмица (видео)

Ване Трајков

Летово европски фудбал во Струмица, на Младост дуели од Лигата на Шампиони и Лигата на Европа