Спорт

Зивчевиќ и Брчков во КК ,,Струмица,,- се прави тим за победи !

Ненад Зивчевиќ и Владимир Брчков се очекува од утре да го облечат дресот на КК ,,Струмица,,. Веста ја потврдија и од управата на клубот од каде велат дека со овие две нови засилувања се очекува да се направи тим за победи во кошаркарскиот шампионат на Македонија но и да се врати публиката во спортската сала Парк.

Ненад Зивчевиќ е 30 годишен крилен  кошаркар висок 204 сантиметри со огромно искуство . Има играно во повеќе клубови  во земјава и странство а во Струмица доаѓа откако не доби одговор за продолжување на договорот со  мароканскиот Шабаб Ал Хоцеима.

Освен Зивчевиќ дресот на КК Струмица треба да го облече и екс репрезентативецот Владимир Брчков кој до лани го носеше дресот на Кожув од Гевгелија. Двете нови играчки имиња од утре ќе работат под тренерска палка на Златко Зетов и Петар Настев а се очекува да заиграт веќе во сабота кога КК ,, Струмица,, го пречекува тимот на КК ,, Работнички,, 

Препорачуваме:

Фото: Тројца струмички кикбоксери златни на турнир во Серес – Грција

Ване Трајков

Фото – Мики Тодоров трет на кружните патеки ,,Скопје 2018’’ и ги освои првите европски бодови оти беа дел од ЦЕЗ

Започнува Меморијалниот турнир во мал фудбал „КМФ Млади“- Миравци