Спорт

Струмица славеше победа против Вардар со добрата игра во втората четвртина

По месец дена одлагање стартуваше кошаркарскиот шампионат на Македонија. Кошаркарите на Струмица во првото коло славеа победа против Вардар од Скопје со 64:57, благодарение на одличната игра во вториот период кој го добија со 19 поени разлика што се покажа клучна за првиот триумф во ова натпреварувачка сезона.  Одлично прво полувреме и разочарувачка завршница со катастрофален учинок од линијата за слободни фрлања(само 9 од 27 обиди). Тоа е накусо епилогот за струмичани кои покажаа две различни игри во текот на средбата, но сепак на крај се радуваа

По рамноправната игра во првата четвртина која ја добија струмичани со 21:19 каде Вардар се покажа тврд орев, во вториот период целосна доминација на домакините кои блескаа на паркетот во салата Парк. Макенаџиев само што влезе ги разигра своите соиграчи а  Јекич, Бешовиќ, Станковиќ, Димчевски ,,стрелаа,, ефикасно за предност од 22 поени по првото полувреме.

Но во второто полувреме Вардар покажа заби. Струмица влегуваше од грешка во грешка при што реализацијата беше под очекувањата. Само 9 поени во третиот период наспроти 16 те на гостите. Ниту во последната четвртина кошаркарите на Струмица не се ,,снајдоа,, на теренот а Вардар полека ја топеше предноста симнувајки ја на само пет поени за момците на Зетов и Настев.

Во последната четвртина Струмица постигна очајни 4 поени но благодарение на предноста што ја имаа по првото полувреме, стасаа до првата победа. Следното коло играат со Работнички од Скопје

Препорачуваме:

Викендот на Младост – Беласица КУП 2016 за млади фудбалери

Ване Трајков

Беласица со рекордна победа, 24:0 против Конче Бирлик

Ване Трајков

Најмладите пионери на А.Пандев – бронзени на Евима Купот во Бугарија, Талаков најдобар среден играч

Ване Трајков