Спорт

А.Пандев со 7:0 а Х.Турново со 4:0 ги декласираа противниците во 12 тото коло од Втора лига

Хоризонт Турново и Академиј Пандев забележаа убедливи победи во 12 тото коло од Втората фудбалска лига на Македонија. Турновци со 4:0 го надиграа второпласираниот ,,Новаци,, кој се сметаше за фаворит во овој дуел. Тренерот на Хоризонт  Јане Николовски беше исклучен по првото полуврее од натпреварот па сугестиите мораше да ги дава од зад оградата на своите фудбалери. По првото полувреме беше 2:0.

Убедлива победа забележаа и Академиа Пандев и тоа против  Лубанци од Кавадарци. На теренот во Кукуш во Турново ,, пандевци,, седум пати ја тресеа мрежата на фенерџијата од кој 4 постигна Балдовалиев а по еден Кочовски,Начевски и Мишов.

По ова 12 коло Академијата е лидер со 31 бод додека Турново се искачи на 5 позиција со 17 бода

фото Екипа

 

Препорачуваме:

Виктори Волеј по втор пат подобар од градскиот ривал Наковски волеј

Ване Трајков

Во Гевгелија утре почнува Меѓународен меморијален турнир во кошарка

Сузана Мицева

Џио Струмица утре во Партизан ќе го угости новајлијата Дибра волеј