Спорт

Астраионци со победа над Прилеп го завршија есенскиот дел, ќе презимат на втората позиција

Пионерите на РК ,,Астраион,, од Струмица во рамките на последното есенско коло во Групата 3 остварија победа над директниот ривал за висок пласман,  пионерскиот тим на Прилеп. Дербито им припадна на струмичките ракометни надежи кои  на крајот славеа со 19:18 . Заслужена победа на ,,астраионци,, кои во текот на целата средба одиграа пожртвувано иако прилепчани кои имат долга традиција се сметаа за фаворити.

Со ова победа ,,Астраион,,  со 6 победи и само еден пораз е на втората позиција веднаш зад ,,Торо спорт,, кој есенскиот дел го заврши без пораз,  од кои пак  младите струмичани го претрпеа единствениот пораз и тоа во гости во претпоследното коло. Пролетната пресметка меѓу овие две екипи во Струмица  ќе одлучува за  победникот во Групата 3 од која двете најдобри ќе играат во плеј офот за пионерски ракометен првак на Македонија.

Препорачуваме:

Кристијан Велиновски од Брера Струмица се сели во Азербејџан

Ѓ. K.

Полска Легија противник на Академија Пандев во Конференциската лига

Ване Трајков

Астраионци со подршка од трибините, планираат победа против непоразениот и лидер Металург јуниор