Спорт

Терзиев ги расплача радовишани со гол од центарот, лавовска победа на Макс Струмица

Младинците на ,,Макс Струмица,, забележаа победа против радовишани со гол во последните 4 секунди и тоа од центарот на теренот. Благој Терзиев беше стрелецот на победоносниот гол за огромно славје на струмичани кои ,,рисовски и лавовски,, се бореа во текот на целата средба каде радовишани постојано диктираа темпо и резултат, но избраниците на Иванче Ончев не се предаваа. Огромно славје на младите од Струмица кои пеаа и се радуваа во соблекувалната на спротската сала во Радовиш по победата од 36:35 и тоа четврта во младинското првенство на Македонија

Според информациите, младиот состав на  Радовиш постојано имал водство а струмичани контуинирано успевале да израмнуваат.  Драматични биле последните минути каде младинскиот состав на Радовиш прокоцкал дури три гола предност 35:32. Струмичани со пожртвувана игра успеале да израмнат а во последните секунди бил направен прекршок на центарот од теренот врз Теризев кој набрзина го извел ударот и успеал да го погоди небранетиот гол на радовишани

Во дуелот со Радовиш, во таборот на Макс Струмица најефикасен бил Игор Ѓоргиев со 10 гола а по ефикасноста се истакнаа и  Антонио Тасев со 9, Васко Стојков со 8 гола додека Терзиев постигна 4 гола. Со ова тешка победа против Радовиш, Макс Струмица ги задржа шансите за плеј оф

 

Препорачуваме:

Македонија убедливо поразена од Англија, Милевски признава вина

Ване Трајков

Видео од головите со кои Академија Пандев повторно ја надигра Беласица овој пат со 3:0

Параглајдерскиот клуб „Јастреб екстрим“ набави ново крило со помош на донатори

Сузана Мицева