Регион

Жителите на Петралинци најавуваат блокада на патот кон Берово ако не добијат тротари

Жителите од струмичко Петралинци најавија блокади на патот кон Берово доколку  општина Босилово не им постави тротоарско решение низ целото село.Револтот доаѓа откако разбрале дека општинските власти нема да постават тротоари на критичната делница од 300 метри каде поминува и водотекот од Хамзали која била и најнебезбедна за пешаците.
„Секој ден стравуваме за безбедноста на нашите деца кога одат на училиште. Градоначалникот вети дека ќе има тротари, а сега ништо. Не е во ред половина село да има тротоари, а онаму каде е најнебезбедно за нас и нашите деца да нема. Еве завчера неколку деца за да избегнат камиони паднале во каналот оти нема безбеден троатоар“, реагираа жителите од Петралинци.
Општина Босилово со свои средства  овие денови изведува тротоарско решение во селото. Првиот човек на општината Лупчо Колев е запознат со револтот на жителите  но проблемот лежи во отворениот канал кој доаѓа од Хамзали и минува низ делницата од 300 метри  каде треба да се постават тротоари
,, Бараме стручно мислење дали тој канал треба да биде отворен или затворен. Работиме на овој проект за да имаме квалитетно решение а не при првите врнежи се да се уништи.Не сакам да конкретизирам рокови околу изградбата. Откако ќе биде изработени проект за таа делница согласно законската реуглатива, ќе поставиме тротоари и таму,, подвлече Колев
Во Петралицни живеат околу 600 жители кои за извршување на секојдневните обврски во селото пешачат по самиот регионален кон Берово кој е доста фрекфентен.

Препорачуваме:

ЕУ одлучи: Границите ќе останат затворени до 15 јуни

Стојне Митева

Само 4 пациенти со ковид хоспитализирани во Струмица

Сузана Мицева

Грип и вирози владеат кај малите деца