Спорт

Радовишанецот Ашкилов бронзен на Европското првенство во Мај тај борбите во Хрватска

,,Нече среча поштеног човека,, Вака шеговито напиша на својот ФБ профил Мите Ашкилов од Радовиш откако го освои бронзениот медал  на Европското првенство во мај тај што се одржа во Сплит Хрватска. Тој настапуваше во категоријата до 86 килограми која не беше негова со оглед на тежината. Во својата конкуренција тој беше поразен од германскиот преставник, светскиот вицешампион од Шведска  и мораше да се задоволи со третото место и бронзениот медал

,,Лично, од борбата не сум задоволен, бидејки бев настинат од климатските промени и не можев да дадам сто отсто од себе. Сепак, оваа е  едно големо искуство за понатамошните натпревари што ме очекуваат,, истакна Ашкилов

Тај боскерот од Радовиш Мите Ашкилов  учество на Европското првенство во ИФМА го визираше откако во април годинава го совлада хрватскиот тај боксер Едо Чаврак во квалификациите во Дубровник каде радовишанецот остави силен впечаток кај организаторите. Со техиниките што ги презентирал и физичката подготвеност во борбата со Чаврак, Ашкилов добил пофални зборови од ексјугословенскиот кикбоскер Бранко Цикатиќ

Препорачуваме:

Македонска репрезентативка замина на тест во Хајдук Сплит

Сузана Мицева

Кошаркарот Ервин Цого го стави својот дрес на аукција за да ѝ помогне на Луна – ДРЕСОТ ЌЕ ГО ДОБИЕ ТОЈ ШТО ЌЕ ДАДЕ НАЈВИСОКА ПОНУДА

Ѓ. K.

,,Петлињата,, на Горан Пандев – ШАМПИОНИ во југоистокот, титулата ја посветија на Лазаревски

Ване Трајков