Спорт

Во Струмица ќе има градско ривалство во женска одбојка меѓу Наковски волеј и Македонија Макс

Струмица престојната одбојкарска сезона ќе партиципира со три екипи, две во женска и  една во машка конкуренција. Станува збор за екипите на Наковски Волеј и Македонија Макс  во најдобрата женска одбојкарска лига, додека кај мажите преставници ќе бидат ланските вицешампиони – екипата на Струмица.

Ова значи дека престојната сезона во Струмица ќе има градско ривалство во женската одбојка и тоа меѓу девојките на  Хари Наковски кои за првпат ќе се натпреваруваат во сениорска конкуренција и Македонија Макс кој има повеќегодишно искуство во најдобрата лига. Нивното прво соочување ќе биде на 8 декември во рамките на 6 првенствено коло додека Шампионатот го започнуваат на 5 ноември. Во првото коло  Македонија Макс му гостува на СВСК во Куманово додека Наковски волеј дома го пречекуваат тимот на УГД од Штип. Во првата женска лига освен овие 4 екипи ќе играат и екипите на Јанта волеј од Скопје, Бами Кор и Универзитет од Тетово но и екипата на Пелистер Волеј од Битола

На 5 ноември стартува и машкиот одбојкарски Шампионат кој ова сезона ќе брои осум екипи. Струмица во рамките на првото коло го пречекува тимот на Лирија од Жеровјане. Во ова конкуренција се и екипите на Пробиштип, Шутова од Кичево,УГД од Штип, Борец од Велес, Вардар од Скопеј и Лешок од тетовско

Препорачуваме:

Три од три за Виктори – надигран и Бамикор од Тетово за пробив на втората позиција

Кожув заборави на домашни победи но утре игра за БИБЛ финале

Ване Трајков

Промотивно видео – Беласица ќе ја вратиме во Прва лига

Ване Трајков