Спорт

Видео: Сашко Пандев го казни Хоризонт Турново за седма победа на А.Пандев

Академија Пандев ја забележа седмата победа во Втората фудбалска лига на Македонија и остана на лидерската позиција во ова натпреварување. Новата победа ја забележаа против Хоризонт во Турново а единствениот гол го постигна Сашко Пандев .

Довчерашниот капитен на турновци и зетот на газдата на ФК Хоризонт- Сашко Пандев беше немилосрден од белата точка во 42 минута и донесе нови три бода за тимот на својот брат. Двете екипи одиграа рамноправен натпревар. Во второто полувреме шанси за голови имаа и двата тима но мрежите мируваа за радост на составот од Струмица

По девет првенствени кола Академијата Пандев има 22 бода и е на првото место а Хоризонт со 10 е на седмата позиција

Препорачуваме:

ОК Струмица и понатаму шампионски, го секнаа и Вардар во Партизан

Беласица и Академија Пандев со победи во последното коло

Ване Трајков

Ја губи ли Струмица титулата?! – Втор пораз од Шутова

Ване Трајков