Спорт

КК Струмица со одлична игра ,,пријателски,, го намачи Кожув кој веќе игра во БИБЛ лигата

Кошаркарите на Струмица го одработија и третиот контролен натпревар пред стартот на шампионатот. На свој терен ги одмерија силите  со тимот на Кожув од Гевгелија кој зад себе има огромен број дуели ( 15) како во подготвителниот период  така и во регионалното кошаркарско БИБЛ натпреварување.

Избраниците на Златко Зетов и Петар Настев  покажаа сила и одлична игра во најголемито дел од средбата, но не успеа  во финишот од средбата да ја потврдат, кога Кожув направи резултатски пресврт и славеше со 68:64.

,, Одигравме одлично во одбраната и сум задоволен. Треба да поработиме на некои техники во нападот. Ова е за нас трет контролен дуел и од натпревар во натпревар влегуваме во форма. Сеуште го дефинираме составот,, ни изјави Зетов кој со Настев оваа сезона ќе го предводат првиот тим на Струмица кој годинава најавува квалитетна кошарка

Богоев со 15 поени постигнати во првото полувреме беше најефикасен кај домашниот табор по што следуваа Јокич со 13 и Макенаџиев со 11 поени од кои три тројки. Американецот Џонсон Станојковиќ и Бешовиќ постигнаа по 6 додека Димчевски 4 поени.

kk-strumica-zetov-so-nastev kk-strumica

Препорачуваме:

Фото – Пандевци родени 2003 и 2004 регионални Шампиони, првенствата ги поминаа без пораз

Фото – Празник на одбојката во Струмица – Македонија Макс го доби првото дерби со Наковски Волеј

Ване Трајков

Реал ја освои 35.титула

Сузана Мицева