Спорт

Најмладите од РК,, АСТРАИОН,, блескаат – Три натпревари , три победи

Младите ракометари  од  РК ,,Астраион,, од Струмица кој функционира не повеќе од  една година  ја прокнижаа и третата победа  во Пионерската лига . Тие годинава пријавија екипа и газат се пред себе во третата група, каде се пријавени вкупно 8 екипи , генерација 2000 година. Станува збор за клуб  кој го формираа поранешни ракометари од Струмица предводени од  Димитар Пандев кој своевремено беше вистински голгетер и со огромно искуство а каде тренираат голем број на млади ракометари во повеќе генерации.

Струмичките млади ,,астраионци,, викендов во сите елементи  ги надиграа надежите на МРК Куманово со 23:13, слично како и во дуелите со пионерите на Текстилец од Штип и Радовиш. Против штипјани во второто коло славеа  со 20:12 а против радовишките деца славеа во првото коло со резултат 26:11.

Со ова трета победа и со 69 постигнати голови младите струмичани се на лидерската позиција  со 9 бода колку што има и Прилеп со кој РК Астраион ќе се сретне во 7 коло

Следното коло ,,астраионци,, патуваат за Велес  за да ги одмерат слилите против Велес 2009.

Препорачуваме:

Пепи Велков и Витан Витанов Шампиони во кик бокс

Ване Трајков

Наковски Волеј со победа во Скопје против Јанта, атакуваат на втората позиција

„Пандевци“ преку Шкупи на чекор до полуфиналето во Купот

Ване Трајков