Спорт

Пандевци го надиграа Скопје сега сами се на лидерската позиција

Фудбалерите на Академија Пандев со головите на Сашко Пандев и Јани Атанасов го надиграа тимот на Скопје во дербито од 7 коло од Втората лига на Македонија имајки во предвид дека стануваше збор за пресметка на двете водечки екипи во ова натпреварување. Со оваа петта победа ,,пандевци,, сега се сами на лидерската позиција со вкупно 16 бода, 3 повеќе од Скопје кој на стадионот Младост се надеваше на поволен резултат но момците на Панче Стојанов не дозволија бодовите да заминат од Струмица.

Струмичани стартуваа самоуверено и веќе во 3 минута Сашко Пандев го откри резултатот со кој заврши и првото полувреме. Во вторите 45 минута  Јани Атанасов го постави конечните 2:0 со голот  во 64 минута. Со тоа  ги закопа надежите на гостите од Скопје за било какво изненадување

Препорачуваме:

ОК Струмица на чекор до Шампионската титула, по втор пат надигран Вардар

Струмица Никоб и Наковски Волеј денеска по КУП титули

Ване Трајков

Видео – Ја остваривме целта, за следната сезона ќе правиме тим за плеј офф, вели претседателот на КК Струмица Андонов

Ване Трајков