Регион Спорт

Интервју со Кирил Панов – Со упорност и работа ќе стигнам во Барселона, но не сум по шпанките туку по струмичанки

Како се вљуби во кошарката, кој го сметаш за најголем виновник што си дел од овој спорт

Уште од мали нозе започнав со кошарката,тој одсекогаш бил мојот омилен спорт и секогаш гледав НБА натпревари и имав свои идоли како Кајри Ирвинг, Ражон Рондо, Коби Брајант.  Мојата фамилија живее веднаш до основното училиште Видое Подгорец и секојден после тренинг и секое слободно време го користев за подобрување на мојата игра.

Се наметна како добар играч во Ролинг но набргу ја смени адресата -Шпанија

Ролинг 08 беше еден прекрасен период од моите кошаркарски почетоци ,каде што започнав посериозно да тренирам и многу научив за кошарката додека бев дел од нив. Да, бев свесен каде одам и знаев дека влегувам во еден различен свет,во професионалниот свет на спортот и бев знаев дека ќе треба да жртвувам многу задоволства за да успеам.Шпанија беше огромна работа за мене,одличен почеток на се надевам успешна спортска приказна.

panov 2 panov 4

Ти беше ли тешко наеднаш  Струмица да ја замениш со Шпанија, одалечен од родителите,  најблиските

Беше тешко првите денови одделен од дома,од моите,од другарите, но сепак од друга страна бев возбуден каде одам и бев среќен затоа што одам во друга држава каде што кошарката е на врвно ниво.Таму ништо не ми недостасува ,живеам во прекрасни услови ,опкружен со луѓе коишто се многу посветени на мене и не дозволуваат да почуствувам никаква празнина.Дополнително на се тоа живеееме во време каде што комуникациите не се никаков проблем,секојдневно контактирам со најблиските и се е во најдобар ред.

Успеа ли да се наметнеш во шпански Тера алфас каде си две сезони

Јазикот го научив за 6 месеци и сега веќе го зборувам така речено до совршенство.Шпанскиот во глобала е лесен јазик и брзо се учи посебно кога си опкружен од шпанци и целата комуникација е на шпански.Во првиот период имав дополнителни часови со приватни професори.Во средината каде што живеам сум одлично прифатен и луѓето кои се околу мене прават се за да се чуствувам како дома.

panov 3  mvp

Разлика мегу работата со млади во Шпанија и Македонија има, од сегашен агол што според тебе треба да направат мак клубовите

Има огромна разлика помеѓу работата во Македонија и тоа како работат младинските екипи во Шпанија.Мое лично мислење е дека мак клубовите треба да почнат да работат многу посериозно и подисциплинирано.Мислам дека сеуште голем број на екипи и на тренери не работат на ниво коешто ќе им овозможи на младинците да напредууват и да се изградуваат на вистински начин.

Дел си од македонската репрезентација до 16 години со која учестуваше на ЕП во Бугарија Б Дивизија

Ова лето бев заедно со младинската репрезентација до 16 години кое се одржа во Бугарија и за мене беше едно огромно искуство и одлична шанса да го покажам мојот квалитет против едни од најдобрите играчи во Европа моментално.Имавме солидна екипа , искрено мислам дека имавме недостаток на високи играчи но сепак се боревме до крај.Немавме среќа во последните две утакмици каде што и двапати изгубивме во продолжение.Работев со одлични тренери коишто ми помогнаа многу за време на припремите ,но и додека траеше првенството.Од мојата игра сум многу задоволен но сепак како што велат секогаш се може подобро.

Што треба да се направи за да конечно бидеме А дивизија како сениорите, што ни недостасува

Како што претходно спомнав дека ни треба многу посериозен пристап во секоја област.Кога ќе почнеме од храната на играчите која што тие ја конзумираат надвор од терените ,па се до кошаркарските детали на теренот.Исто така мислам дека само мал број на тренерите на младинските школи низ Македонија се навистина стручни и обучени за работа со младински категории.Исто така треба да се исфрли тој непотизам што за жал сеуште постои на овие простори.

reprezentacija  panov

Каде се гледа Кирил Панов во иднина

Нормално како и секој млад играч и јас имам планови за мојата иднина,и се надевам дека тие ќе се остварат за брзо време.Моите планови и желби се да стигнам до првата екипа на Барселона и искрено верувам дека со многу напорна работа и малку среќа би стигнал до таму и би го остварил мојот сон.

Приватно како би се опишал Кирил Панов

Себеси би се опишал како скромен,многу упорен,амбициозен и посветен на целите и амбициите кои ги имам поставено сам за себе. Како што спомнав претходно себеси се сметам за позитивен, дружељубив, искрен, многу упорен во се што работам итн.(тоа најдобро го знаат луѓето што ми се блиски).Искрено не се сметам за негативна личност ,но доколку имам некои негативности ,нека ми простат тие што ги почуствувале.

Сега си момче од 16 години, имаш ли време за забава, дали срцето ке го дадеш на струмичанка или шпанка

За жал време за забава имам се помалку и помалку ,но и покрај сите обрвски кои ги имам наоѓам време за дружење со моите пријатели и другари. Девојка немам, имам симпатија, нормално предност давам на Струмичанки и моја желба би било една струмичанка да однесам во Шпанија и таму да ја промовираме струмичката женска убавина.

privat so drugari

На што најмогу троши пари Кирил

Парите со кои располагам во најголем дел ги трошам на спортска опрема и гардероба,омилен бренд ми е Најк,сакам убаво да изгледам  и многу често купувам подароци за моето семејство.

Со што би сакал да им се одолжиш и заблагодариш на твоето семејство за подршката што ти ја дават

Нормално како и сите други , и јас најголемата подршка и енергија ја добивам  од моето семејство.За среќа дел сум од едно среќно мало семејство каде што сите одлуки и решенија ги донесуваме заеднички. Горд сум за сета подршка што ја имав од нив во најтешките моменти и тие секогаш биле и ќе бидат покрај мене во сите успеси и падови.

Која е твојата порака до младите

За крај би сакал на сите млади луѓе да се бават со спорт,да бидат упорни во тоа што го работат,никогаш да не се откажуваат бидејќи моето мото е ,,Упорноста е мајка на успехот”.

Препорачуваме:

Последниот ден од инфо караванот низ државата ќе биде во општина Конче

Стојне Митева

Трејлер: „Жртвите на семејно насилство – жртви на системот“

Сузана Мицева

Три лица повредени во синоќешната сообраќајка на патот кон Петралинци

Ване Трајков