Регион

Општина Ново село ќе ги осветлува Колешинскиот и Смоларскиот водопад

Престојниот период општина Ново село  ќе ги започне  активностите за осветлување на водопадите кај Колешино и Смоларе. Станува збор за проекти на Центарот за развој на југоисточниот плански регион за уредување на туристички локалитети, за кој тендерите се завршени.Планирано е да се изградат  патеки од камен и да биде поставена  урбана опрема до двата водопада. На патеките но и до самите водопади ќе бидат поставени канделбари кои ќе бидат приклучени на уличното осветлување на Колешино и Смоларе. Како што нè информираше градоначалникот на Ново Село Блажо Велков, со изградбата на новите патеки и со осветлувањето на водопадите ќе се олесни пристапот до овие природни убавини и посетителите ќе имаат можност да уживаат во нив и во ноќните часови….

Препорачуваме:

Вчера кај Полициската станица во Струмица, прегазено 4 годишно дете

Ване Трајков

Општина Струмица одржа чествување по повод 152-годишнината од денот на раѓањето на Гоце Делчев

Ѓ. K.

Вандалското однесување продолжува да остава грда слика за Струмица

Ѓ. K.