Регион

Жените од Куклиш собираат помош за поплавените семејства

Пакети вода, средства за хигиена, бебешка храна и пелени втор ден пристигаат во пунктот за донации во село Куклиш, каде се собира хуманитарна помош за поплавените семејства од скопско и тетовско. Жените, потресени од големата трагедија самоиницијатнивно решиле да се организираат и да се поттикнат да направат добро дело за сограѓаните кои овие денови се соочуваат со вистинска катастрофа.

За два дена кон оваа иницијатива се придружило цело село, а им помогнале и сите фирми во селото, кои донирале за поплавените семејства. И покрај големиот одзив, донаторската акција наишла на проблем со транспорт на пакетите, па се поврзале со општина Струмица, од каде им обезбедиле превоз на хуманитарните пакети.

Жените домаќинки и мајки од Куклиш велат дека оваа им е прва ваква акција со која сакаат да испратата апел за солидарност до цела држава, како и поддршка за настраданите семејства.

Препорачуваме:

5000 лица во струмичко заболени од почетокот на пандемијата

Сузана Мицева

Пожарот кај ГП Богородица ставен под контрола

Ване Трајков

Васил Гарванлиев не влезе во финалето на Евросонг

Стојне Митева