Спорт

Струмичанецот Костадин Захов ја однесе Шкендија во плејофот од Лигата на Европа

Струмичанецот Костадин Захов со своите интервенции во реванш дуелот со Млада Болеслав, ја однесе тетовска Шкендија во плејофот од Лигата на Европа.  Иако претрпеа пораз од 1:0, сепак тимот на Захов ги продолжува настапите од второто по квалитет европско натпреварување.  Двата гола што ги постигнаа тетовци во првиот дуел се покажаа како клучни за понатамошниот опстанок на Шкендија на европска сцена. Но според многумина најголем виновник и јунак што Шкендија се најде на само една пречка од групите во Лигата не Европа е Костадин Захов кој успеа да го издржи притисокот на Млада Болеслав. Единствениот гол за домакините го постигна Лукаш Магера во 82 минута но на крај се радуваше макеоднскиот преставник во Лигата на Европа

 

 

 

Препорачуваме:

Наковски со победа, Виктори со пораз во првите мечеви за пласман во полуфиналето во Купот

Видео – Викендов женски одбојкарски турнир во СОУ ,, Димитар Влахов,, Наковски и Виктори против Партизан Белград и албанскиот шампион УМБ

КУП титулата во женски фудбал за Тиверија Струмица или Истатов Дојран – утре Финале на Младост

Ване Трајков