Регион

Учесниците од Србија и Германија импресионирани од струмичката ликовна колонија

Тодор Јовановски е еден од 20-мината учесници на струмичката ликовна колонија. Роден е во Тетово, а живее и работи во Белград, па годинава на негово големо задоволство, а по заслуга на своите другари и за прв пат учествува на оваа прекрасна манифестација. Вели дека гостувал на повеќе од 130 Меѓународни колониии, но струмичката според него е најдобра. Во моментов работи две слики на платно, а вели дека тој што ќе успее да нацрта женски лик е добар уметник.

Армин Луц е уметник кој доаѓа од Германија. И ова е негово прво учество на струмичката колонија, а за своите слики најчесто користи маслени бои.

20-мина уметници од земјава и странство се очекува да создадат околу 50-тина различни дела, со што ликовната колонија во Струмица ќе биде збогатена со над 2600 нови дела.

Препорачуваме:

ВИДЕО: МВР казни 121 возач во Гевгелија и откриени 24 возачи под дејство на алкохол

Селекцијата на отпадот во Струмица со пластични кеси и пријавување од мобилен, не ги дава очекуваните резултати

Ване Трајков

Општина Струмица денеска го празнува Денот на Републиката

Ѓ. K.