Регион

Општина Конче ќе гради уште една Куќичка на дрво

Општина Конче ќе гради уште една куќичка на дрво. Во близина на старата наскоро ќе никне уште една куќичка, која ќе биде вистинска и привлечна атракција за туристите. Изградена на буково стебло со уникатен стил, прозорци и врати, љубителите на природа ќе имаат можност да ја изнајмуваат и оваа куќичка, која ќе ги нуди сите потребни услови за престој на посетителите.

Општина Конче веќе го развива селскиот, планинскиот но и ловниот туризам. Сите оние што ќе ја посетат оваа општина, навистина ќе уживаат во убавините што ги нуди истата. Во меѓувреме, како што рече градоначалникот Благоја Јованов, се работи и на уште еден проект „Мојот роден крај“.

Општина Конче станува атрактивна дестинација и поради новите три влашки колиби и првиот мотел кои наскоро ќе никнат кај езерото Мантово.

Препорачуваме:

Струмичанец со туѓа картичка си полнел гориво во Франција

Ѓ. K.

„НОВУС“ привршува со проектот за прибирање и обработка на информации од јавен карактер

Во Гевгелија одбележан Св. Трифун со традиционално закројување на лозјето во Црквата „Св. Петка“

Ѓ. K.