Регион

Струмичани учеа како да изработат CV и мотивациско писмо

Професионалната биографија треба да биде јасна, оригинална и поразлична од другите со цел да привлече големо внимание. Ова беше констатирано на денешната обука што ја организира Центарот на заедницата при општина Струмица. Ученици, студенти и млади вработени учеа како да изработат CV и мотивациско писмо, а и се запознаа со начинот како треба да се подготват за интервју за работа или прием на факултет.

Центарот на заедницата при општина Струмица ќе организира уште две вакви обуки, со цел младите да бидат повеќе конкурентни на пазарот на труд и поблиску да се запознаат со работите што ги нуди бизнис секторот.

Мотивационото писмо дава можност да се претставите на вашиот потенцијален работодавач на покреативен и поразличен начин од CV-то. Затоа овие обуки се од големо значање за сите млади луѓе, рече Мими Николиќ од Центарот на заедницата при општина Струмица.

Препорачуваме:

„Комуналец“ известува за прекин во водоснабдувањето

Ѓ. K.

Ново Село со кампања за енергетска ефикасност

Полицијата приведе двајца радовишани кои за полициски час се тепале

Ване Трајков