Регион

Пандевци шести во Чешка- Мишов најдобар стрелец на турнирот !?

Младинците на Академија Пандев го освоија 6 место на ,,Генерали ЦЕЕ Купот ,, во Прага Чешка откако денес претрпеа пораз од младинците на Сарајево со резултат од 4:2.  По лошото одиграно прво полувреме кога струмичани примија дури три гола, надежите се пресврт ги најави Александар Мишов кој намали на 3:1. Но само што постигнаа гол,, пандевци,, играчите од Босна уште еднаш ја затресаа мрежата на струмичани за високи 4:1. Вториот погодок за Академија Пандев го постигна Јани Атанасов за конечни 4:2.

Во пресрет на финалниот натпревар, Александар Мишов со пет постигнати гола е најдобар стрелец на турнирот.Единствен конкурент кој може да го претекне е бразилецот  Густаво од Флуминенсе  кој доколку во финалето постигне голови тогаш титулата најдобар стрелец оди кај него.

Препорачуваме:

ВИДЕО: Се отвораат театрите и кината, ќе работат според посебни протоколи

Струмичанец и скопјанец изнудувале пари- зеле 20.000 евра

Во Македонија има 400 илјади објекти на кои може да се произведува струја од сонцето