Спорт

Беласица в недела против Победа под рефлектори на Младост

Третолигашот ,,Беласица,, продолжува со пријателските контролни средби за стартот на новата сезона преку која најавува камбек во Втората лига. Во недела во 21 часот на стадионот ,,Младост,, ја пречекува прилепска ,,Победа,, која од ова сезона ќе настапува во првата лига.

Беласица ги повикува сите лубители на фудбалот да уживаат во фудбалскиот спектакл на стадионот Младост бидејки клубот се засили со неколку искусни фудбалери со прволигашко педигре а во последната контролка славеше против Вардар од Неготино со голот на Бобан Мариќ

Во недела освен Бобан Мариќ кој дојде од Гостивар а има нстапувано во Брегалница, Силекс, Тетекс симпатизерите на Беласица може да го видат и Александар Василев кој се враќа од Мјанмар, каде што настапуваше за екипата на Зајар, а претходно и за Јангон, како и шведски Алта

Останатите засилување се помлади играчи, голманот Мирза Дураковиќ и Димитар Кремчески доаѓаат од младиот погон на Вардар, Столе Каламадевски од градскиот ривал Академија Пандев, додека Костадин Џинов има настапувано во Миравци и Металурт.

Со овие засилувања, несомнено Беласица се промовира во прв фаворит за титулата во Третата лига – Исток и пласман во повисок ранг.

https://www.facebook.com/525565537585531/videos/737397456402337/

Препорачуваме:

Наковски Волеј во КУП финале по победата над Пелистер

Ване Трајков

Беласица утре со два натпревари одбележува 94 години постоење

Ване Трајков

Видео – Преку АМС ќе се гради затворен базен во Струмица