Регион

Што содржи договорот помеѓу четирите политички партии од 20 јули 2016 година

Претставниците на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА на новата рунда преговори во средата постигнаа договор. Во продолжeние е интегралниот текст од договорот објавен од Канцеларијата на ЕУ во Скопје.
На 20-ти јули четирите политички партии се договорија:

Избирачки список
Четирите политички партии се согласија да се справат со проблемите со избирачкиот список за овие избори, на следниот начин:
1. Законот за избори ќе биде сменет до 22 јули за да ги отслика договорот за избирачкиот список.
2. Во согласност со анексот А, подготвен од ДИК и кој се однесува на вкрстената проверка на избирачкиот список, 171.500 лица ќе бидат ставени на додатнот дел од избирачкиот список и нивното право на глас нема да биде загрозено.
3. Во согласност со анексот Б, подготвен од ДИК и кој се однесува на вкрстената проверка на избирачкиот список, имињата на 39.502 лица ќе бидат објавени од страна на ДИК во рок од три дена по изгласувањето на амандманите на Законот за избори.
а. Податоците ќе бидат објавени и засегнатите лица ќе можат во рок од 25 дена да добијат од ДИК потврда дали остануваат на избирачкиот список.
б. Сите лица вклучено воо анексот Б можат верификацијата да ја иницираат по електронски пат, во согласност со членовите 48 – 51 од Законот за избори или лично во локаљлните канцеларии на ДИК.
в. Три или повеќе члена на ДИК можаат да побараат додатни проверки за кое и да било име. Во таков случај, членовите на ДИК кои побарале додатни проверки можат да побараат од тие лица да се појават лично ако престојуваат во земјата, или преку видео-конференција ако престојуваат во странство. Овие додатни проверки ќе траат десет дена по истекот на предвидените 25 дена.
г. Неверифицираните лица нема да бидат вклучени во избирачкиот список. Оние кои не се вклучени ќе имаат додатна можност да се регистрираат во ДИК во текот на периодот за јавна проверка пред изборите.
Медиуми

  1. Законот за АВМУ и Законот за избори ќе бидат променети во рок од 15 дена од денот на овој догговор.
  2. ААВУ ќе основа ад-хок тело за надзор на придржувањето кон медиумските одредби од Законот за избори. Ова ад-хок тело ќе функционира до крајот на изборниот процес. Ова ад-хок тело ќе биде основано во рок од 30 дена по денот на кој е постигнат овој договор.
    а. Ад-хок телото ќе биде составено од пет члена. Во консултација со релевантните професионални асоцијации, четирите политички поартии ќе иозберат четири члена на ад-хок телото, од кои најмалку еден ќе мора да биде етнички Албанец. Овие четворица со консензус ќе го одберат петтиот член во рок од 15 дена.
    б. Почнувајќи 100 дена пред изборите, Советот на ААВУ ќе ги почне да ги следи препораките на новооснованиот оддел и ќе ги започне процедурите во однос на медиумите како што предвидува законодавството. Ад-хок телото ќе го оценува балансираното известување на медиумите во период не помал од една недела.
    в. Сите казни за медиумите во согласност со законот за ААВУ и Изборниот закон кои се однесуваат на медиумите ќе бидат намалени за 50%.
    г. Првото прекршување ќе повлече предупредување. Понатамошните прекршоци ќе повлечат намалени казни.
    д. Ниту еден новинар или медиум нема да бидат казнети за изразување на мислење. Изразувањето на мислење треба да биде одвоено од известувањето информации.
    ѓ. Ниту една медиумска организација не смее да биде затворена врз основа на одлуки донесени во согласност со погоре наведената процедура.

  3. Четирите политички партии се обврзуваат да донесат амандмани на Законот за медиуми во согласност со Приоритетите за итни реформи и Извештајот на Прибе во рок од шест месеци по изборите.

  4. Во консултација со останатите партии, најголемата опозициска партија ќе номинира Главен уредник (Информативна програма) на Јавниот Радиодифузер (МРТВ) од редовите на експертите вво тоа поле. Земено предвид дека партиите ќе потврдат дека постојат услови за избори, новиот Главен уредник ќе почне да ја врши својата должност 100 дена пред изборите.
  5. Законски измени ќе бидат спроведени за да овозможат канал на албански јазик 24/7.
    Оценка на напредокот

До 31 август, лидерите на четирите политички партии ќе оценат дали горенаведените ччекори се комплетирани, со што и условите за одржување избори се исполнети. Лидерите ќе го потврдат и ова и датумот на избори со свој потпис.

Влада пред изборите и датум на избори
Ако изборите се одржат во 2016 година, новата влада, според Договорот од Пржино, ќе биде изгласана од парламентот 100 дена пред договорениот ден за избори.
а. Примената на Законот за внатрешни работи ќе биде суспендирано до јануари 2017 година, а законот ќе го ограничи бројот на управни именувања во Министерството за внатрешни работи на 15. Сите именувања на истражители на обвинителството дадени на имателите на управните позиции во Министерството за внатрешни работи ќе бидат поништени, а нови нема да бидат издадени до крајот на изборниот процес.
б. Владата автоматски ќе ги одобри именувањата на Министер за внатрешни работи и хоризонталните трансфери на вработените иницирани од Министерот за внатрешни работи ако се најмногу 10% од просечниот број на хоризонтални трансфери во годините 2013 и 2014.
в. Законот за влада ќе биде изменет за да овозможи мандатот на сите министри и додатни заменици-министри назначени според Договорот од Пржино да завршат на денот кога ДИК ќе ги потврди официјалните резултати од изборите.
г. Заменици-министрите во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика ќе ги преземат функциите на министри се до формирањето на новата влада.

Други прашања:

Специјалниот обвинител ќе биде поддржан
а. Во случај Уставниот суд да донесе одлука дека законите за СО или деллови од нив не се уставни, четирите партии се обврзуваат да го прилагодат законодавството со одлуката на Судот и повторно да го основаат СО според одлуката во рок од пет дена. Ефективноста, досегот и целите на СО ќе бидат задржани.
б. Четирите партии го повикуваат Уставниот суд да донесе одлука колку што е можно поскоро, на следната можна сесија.

Реформи
Инклузивноста на процесот на реформи и нивна имплементација ќе биде раководена од работна група во парламентот, вклучувајќи го граѓанското општество и експерти.
а. Приоритизирано изгласување на Приоритетите за итни реформи и Препораките на Прибе.
б. Амандмани на законот за свиркачи во согласност со Венецијанската комисија во рок од шест месеци.
в. Охридскиот рамковен договор..
г. Евро-атлантски интеграции.

извор:makfax.com.mk

Препорачуваме:

„Струмички лангрдии“ музичко-сценски перформанс на гимназијалците

Иселениците ќе можат да вадат патни исправи секојдневно во амбасадите и конзултатите

Стојне Митева

Трагедија во Миравци, се удави рибар

Стојне Митева