Регион

Слаб интерес за органската храна

За разлика од европските земји каде органската храна е актуелна и се продава во големи количини, кај нас интересот е многу мал. Ваквите производи се поскапи од останатите, но сепак има граѓани кои ги купуваат овие производи. Дел од струмичани кои ги анкетиравме рекоа дека граѓаните треба да имаат поголема едукација за органската храна, а некои пак сметаат дека во Македонија не постои ваква храна.

Македонија е земја со квалитетни земјоделски производи и има голем потенцијал за органско производство, сметаат земјоделските стручњаци.

Но дали органското производство може да заживее во Македонија? Со одредени препарати, земјоделските стручњаци сметаат дека органското производство ќе биде достапно и за нашите земјоделци.

Препорачуваме:

ВИДЕО:Кампања за безбедност во сообраќајот

Приведен дилер од струмичко, при претрес пронајдени амфетамин и марихуана

Стојне Митева

Герила акција кај Радовиш – Возете внимателно оти смртта демне!