Регион

Екстерното тестирање ќе се полага од шесто одделение

Учениците и родителите можат да здивнат. Екстерното тестирање ќе се полага од шесто одделение, а добиените оценки нема да бидат впишани во свидетелствата на ученикот, туку во посебен додаток. Сепак иако овие оценки нема да влегуваат во општиот успех на ученикот, тие ќе можат да бидат пресудни при уписот во средно училиште или на факултет, тогаш кога се пријавени кандидати со ист број бодови. Со новите законски измени за основно и средно образование предвидено е и набљудувачите да се избираат на јавен конкурс.

Со оваа одлука се согласуваат и дел од струмичани, а некои пак сметаат дека екстерното тестирање треба и целосно да се укине.

Екстерното тестирање беше повод за бројни протести на учениците и наставниците, кои бараа негово целосно повлекување. Инаку екстерното тестирање беше воведено во учебната 2012/2013 за да се провери објективноста на наставниците при вреднувањето на успехот на учениците.

Препорачуваме:

Се повеќе граѓани со блокирани сметки зарди неподмирени долгови

Граѓаните се повеќе плаќаат со картички и со мобилни телефони

Ivana Vangelova

Верче Андонова со арапска техника ја освојува Македонија,денес во Струмица

Стојне Митева