Свет

Ердоган му се извини на Путин

Владимир Путин доби писмо во кое турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се извинува за смртта на рускиот пилот што беше убиен кога руски борбен авион беше соборен над сириско-турската граница, во ноември минатата година, соопшти Кремљ.

Ердоган изразил спремност за обновување на односите со Москва, рече денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе РT.

„Шефот на турската држава изрази длабоко сочувство до роднините на починатиот рускиот пилот и рече: ‘Извинете’“, рече Песков.
Во своето писмо Ердоган ја нарекува Русија „пријател и стратегиски партнер“ на Анкара, со кој турските власти не сакаат да ги расипат односите.
„Никогаш не сме имале желба или смислена намера да собориме авион што и припаѓа на Русија“, се вели во писмото, според соопштението објавено на веб-страницата на Кремљ.

Според соопштението, во писмото Ердоган истакнува дека „турската страна ги презела сите ризици и направила големи напори за враќање на телото на рускиот пилот од рацете на сириската опозиција, донесувајќи го во Турција. Беа организирани претпогребните постапки во согласност со сите верски и воени процедури.“

Анкара го третирала семејството на мртвиот руски пилот како да е турско семејство и е „спремна за какви било иницијативи за ублажување на болката и на сериозноста на направената штета“, се вели во писмото.
Во обраќањето турскиот водач информира и дека е покрената кривична истрага против лицата осомничени за убиството на рускиот пилот, соопшти Кремљ.

Покрај тоа, Ердоган изразил спремност за справување со безбедносните предизвици во регионот и за заедничка борба против тероризмот со Москва, се додава во писмото.

Препорачуваме:

Лукашенко прв на листата Најкорумпирани политичари 2021

ЕВРОПАВелика Британија планира намерно да ги зарази кандидатите за вакцина

Сузана Мицева

Европа летово ќе достигне колективен имунитет

Сузана Мицева