Регион

Тече рокот за пријавување субвенции во земјоделството. Последниот ден е 30 јуни.

Гужва и нервози во подрачните канцеларии на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Струмица. Земјоделците чекаат да поднесат барања за субвенционирање на производството. Последниот рок е 30 јуни, четврток. Од Министерството не сакаа да ни дадат податоци за бројот на поднесени барања во Струмица, ни рекоа дека забрането е и снимањето со камера пред шалтерите.

Дел од земјоделците рекоа дека уште пред да истече законскиот рок поднесуваат барања за субвинции. Се надеваат дека и годинава средствата навреме ќе им бидат исплатени.

Растителното производство, односно за житни и за градинарски култури, за одржување на лозови и овошни насади, како и за производство на сертифициран семенски и саден материјал, се дел од субвенциите за кои земјоделците може да се пријават, додека за сточарското производство се поднесуваат барања за одгледување на говеда, овци, кози, свињи, пчели и живина.

Препорачуваме:

Градоначалникот о.Василево на средба со координаторот на ТИКА во Македонија

Стојне Митева

Нови цени на горивата од полноќ

Ѓ. K.

Првата фаза од каналот Крушевска република се очекува да заврши во октомври