Регион

Попладнево почнуваат протестите на Шарената револуција пред СЈО

Протестите на граѓаните од Шарената револуција, продолжуваат во понеделник во Скопје, од пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, во 19 часот.

Организаторите порачуваат:  Правдата е под сериозна закана. Протестирам!
Уставниот суд е под партиска опсада. Протестирам!
Груевски и Иванов им се закануваат на граѓаните. Протестирам!
Власта сака да преговара тајно. Протестирам!
Власта не сака да се чуе мислењето на граѓаните. Протестирам!
Протестирам со Шарена револуција денес (27 јуни), 19 часот, пред нашата тврдина – СЈО!
Борбата за правда продолжува!
Криминалот веќе нема да смее да проаѓа пред очите на граѓаните!
Протестирам 80 денови со илјадници соборки и соборци!
Заедно спречивме помилување криминалци, заедно спречивме уште едни фалсификат избори! Нашите другари се на слобода!
Продолжуваме, се вклучуваме во решавањето на кризата!

Таканаречената Шарена револуција со која граѓаните го изразуваат незадоволството од функционарањето на државата, од аболициите на претседателот Ѓорге Иванов, за повеќе политичари, од непрочистениот избирачки список, од партизираното судство и администрација, од притисокот врз медиумите, трае речиси 80 дена. Учесниците почнаа да фрлаат боја врз спомениците во центарот на Скопје, кои се дел од проектот „Скопје 2014“, ја демолираа народната канцеларија на претседателот, а продолжија да ги „бојат2 и институциите, Владата, Собранието, министерствата за правда и за надворешни работи. Поради тоа отпорот на граѓаните се нарече Шарена револуција.

Неколкупати тие спроведуваа ткн. „герила акции“, кога блокираа крстосници и мостови во главниот град.

Протести се организираат речиси секое попладне и во другите градови, при што исто така, мета на демонстрантите се државните објекти, по кои се фрлаат балони со боја.

извор: makfax.com.mk

Препорачуваме:

Тешко повреден мотоциклист во близина на Белотино

Ѓ. K.

Струмичките актери: Нема повеќе дијалог со министерството за култура

Сузана Мицева

Владиката Јаков и писателот Венко Андоновски ги повикаа пратениците на претпазливост со носењето на законот за родова еднаквост

Сузана Мицева