Регион

Јавна седница на Апелација за притворот на Талески

Во Апелациониот суд попладнево во 14 часот ќе се одржи јавна седница на којашто ќе се расправа по жалбата што ја поднесе одбраната на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, за куќниот притвор којшто му го определи Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1.

Седницата ќе се одржи на барање на одбраната на Талески. Талески од пред една седмица е во куќен притвор за случајот „Траснпортер“ по барање на Специјалното јавно обвинителство.

За овој случај има вкупно 22 осомничени, а се товарат за малверзации со превозот на учениците.

СЈО бараше притвор за Талески но судија му одреди мерки на претпазливост односно одземање на пасшот, но Кривичниот совет на судот ја преиначи одлуката и му определи куќен притвор во траење од 30 дена.

извор: makfax.com.mk

Препорачуваме:

Заврши „Аеробик во парк“ на СОФ

Сузана Мицева

Одбележан меѓународниот ден на лица со попреченост

Пронајдено е машко мртво тело во езеро на влезот во Струмица

Ване Трајков