Регион

УХМР го најавува првиот топлотен бран. Температури и до 40-тиот степен

По врнежливото време и релативно свежите температури, Македонија престојните денови ќе влегува во портокалова фаза. Од утре според синоптичарите од УХМР постојано ќе се зголемуваат температурите а веќе викендов се очекува живата да се искачи и до 40 -тиот степен. Според Управата високите температури ќе потраат извесен период што ќе значи претпазливост до граѓаните.

Здравствените работници алармираат да се избегнува директно изложување на сонце посебно во периодот од 10 до 17 часот. Препорака има и до хронично болните кои ќе мора да се придружуваат до препораките од матичните лекари за редовно земање на терапијата.

Заштита е потребна и за земјоделските посеви. Агроекспертите предупредуваат за заштита и наводнување на засеаните земјоделски површини пред се на отворено бидејќи растенијата во моментов се во фаза на вегетација.

Препорачуваме:

СОУ „Никола Карев“ Струмица ќе стане Регионален центар за стручно образование и обука

Ѓ. K.

Започна „Караван на читањето“ со деца од основните училишта од Струмица и регионот

Ѓ. K.

Гевгелиските градинки се реновирани и подготвени за деца

Сузана Мицева