Регион

Околу 2000 крводарувања остварил Црвениот крст од Струмица, во последните 12 месеци

2000 крводарувања има остварено Црвениот крст од Струмица во последните 12 месеци. Ова значи реализирање на 3 до 4 крводарителски акции месечно, односно околу 40 до 50 вакви акции годишно. Ова денес на прес конференција го изјави Љупчо Јанков од Општинската организација на Црвен крст, Струмица. По повод Светскиот ден на крводарителите, на 24 јуни ќе бидат доделени и благодарници на најредовните крводарители.

Општинската организација на Црвен крст, Струмица ќе организира повеќе активности и манифестации по повод Светскиот ден на крводарителите. Освен доделувањето на благодарници, ќе биде реализирана и изложба посветена на работењето на оваа организација.

Општинската организација на Црвениот крст од Струмица утре организира уште една крводарителска акцја, која ќе биде реализирана во струмичката полиција во периодот од 09 до 14 часот.

Препорачуваме:

Струмичката болница на против насилство врз медицинарите

Стојне Митева

Нуланд во Гевгелија и Идомени

Сузана Мицева

Од утре и задутре зејтин во сите маркети, еве која ќе биде цената

Стојне Митева