Свет

Британските деца можат да одберат дали во училиште ќе носат здолништа или панталони

Малите Британци од двата пола на возраст од пет години ќе можат да одберат дали во училиште ќе носат здолниште или панталони. Станува збор за иницијатива што ја финансира владата со цел прописите за училишните униформи да се приспособат на трансродните деца.

Во 80 државни училишта, вклучувајќи и 40 основни, веќе се применува политиката на „полово неутрални“ униформи. Во многу британски училишта девојчињата веќе одредено време можат да избираат дали ќе носат здолниште или панталони, а сега тоа право го имаат и момчињата.

Училиштето „Аленс Крофт“ во Бирмингем е едно од првите основни училишта во земјата што ја усвои оваа политика.
– „Аленс Крофт“ го промовира правото на секое дете слободно да ги изразува чувствата во однос на полот и личноста – наведуваат претставници на училиштето.

Христијанските организации се загрижени дека можноста на избор ќе предизвика збунетост меѓу децата и адолесцентите кога е во прашање нивниот идентитет, но борците за правата на различностите тврдат дека традиционалната политика учи на изолација на хомосексуално, бисексуално или трансродно настроените деца.

Препорачуваме:

Британија изгласа напуштање на ЕУ

(Видео) Пожарникари спасуваат луѓе од станбени згради во Киев

Сузана Мицева

(Видео) Бејрут утрово – болниците преполни, луѓето во шок бараат преживеани под урнатините

Сузана Мицева