Регион

Расадот е основата на едно производство- земјоделците треба да ги применуваат сите заштитни мерки

Расадот е основата на едно производство, затоа земјоделците треба да ги применуваат сите заштитни мерки. Агрономите велат дека иако голем дел од производството е расадено, има растенија кои сега се подготвуваат за расадување, па за да не дојде до појава на инсекти кои се преносители на голем број вирусни заболувања, заштитата на расадот мора да биде многу строга.

На самиот почеток растенијата се млади и најосетливи на вирусни заболувања, затоа Спасов препорачува да се применуваат биотехнички средства.

Ако по самото расадување се појават симптоми на некоја болест, Спасов советува веднаш да се изврши хемиски третман со соодветни инсектициди, со цел да се спречи ширењето на болеста и да не дојде до уништување на целиот расад.

Препорачуваме:

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ продолжува со непотистичко вработување

Сузана Мицева

Никола Маџиров дел од жирито за најголемата светска награда за поетска книга Griffin Poetry Prize

Сузана Мицева

Бесплатно тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции во младинскиот центар на ХЕРА

Стојне Митева