Регион

Заврши екстерното тестирање-учениците и родителите можат да здивнат

Учениците можат да здивнат. Денес заврши полагањето на екстерниот испит, а со тоа и стресот кај родителите и децата. Пет години притисоци, страв, апсурдни прашања, технички проблеми, реакции, протести на учениците – но надлежните никако да го сменат ставот за овој вид полагање. Речиси никој не го поддржува екстерното тестирање, кое наместо да го подобри квалитетот на знаењето, предизвикува стрес кај учениците и родителите.  Дел од нив кои успеавме да ги анкетираме по завршувањето на испитот, коментираа дека некои од прашањата биле непознати за нив, а имало и такви кои воопшто не им биле дадени на увид.

Оценките од екстерниот тест ќе бидат запишани во свидетелствата и ќе бидат земени во предвид при пресметувањето на просечниот успех на ученикот. Резултатите од екстерното за учениците од деветто одделение ќе бидат објавени на 13 јуни, за сите останати на 17-ти јуни. Уписите за средно се на 28-ми и 29-ти јуни. Училишните обврски за матурантите пак ќе траат до 13 јуни, кога тие полагаат странски јазик и 15 јуни за кога е предвидено полагањето по третиот предмет од државната матура.

Препорачуваме:

Музичарите и угостителите најавија протести доколку Владата не им излезе во пресрет

Македонија и Грција ќе работат на 37 проекти вредни 36,2 милиони евра

Од денеска слобода за движење до 23 часот

Стојне Митева