Регион

Презентирана програмата за мали грантови во Македонија за периодот од 2015-2018 година

Програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд обезбедува грантови за директно учество и пристап на заедниците и здруженија на граѓани во заштита и управување со животната средина во насока на локален одржлив развој. Финансирањето на проекти преку ПМГ во Македонија започна од 2005 година. Во овој период успешно се поддржани 100 проекти. Во следната оперативна фаза 6 , која ќе се спроведува до 2018 година, ГЕФ ПМГ програмата е насочена кон „Ефективна поддршка на креирање на глобална еколошка корист и заштита на животната средина, преку поттикнување на локални иницијативи кои придонесуваат кон националните и глобалните цели“.

Грантовите на Програмата за мали грантови се достапни на Здруженија на граѓани признавајќи ја нивната клучна улога како извор и катализатор на животна средина и развој на заедницата. ПМГ ги поддржува и искусни, технички и финансиски силни Здруженија на граѓани, како и поновите кои се обидуваат да ги координираат придобивките за животната средина со бенефиции заедница.

ПМГ поаѓа од ставот дека глобалните еколошки проблеми најдобро можат да бидат адресирани доколку во нивното решавање се вклучени луѓето од локалните заедници и доколку истите имаат директна корист од нив. ПМГ е убеден дека со мали суми на средства, членовите на локалните заедници можат да превземат активности кои ќе направат значаен напредок во нивните животи и заедница.

Препорачуваме:

Во Богданци нацртан мурал со ликовите на Ѓорѓи Колозов и Ванчо Петрушевски

Ѓ. K.

На 5 ноември „Ден на празот“ во Градашорци

Ѓ. K.

Општина Валандово ќе учествува во изградба на двете регионални прифатилишта за кучиња – скитници