Регион

Со закон да се регулираат неделни откупни цени на зеленчукот

Земјоделците ќе имаат неделни загарантрани откупни цени доколку во собранието поминат измените на законот за земјоделство и рурален развој. Законот според директорот на инспекторатот за земјоделство, Цветан Трипуноски, е во владина процедура, а со новите измени, се очекува да се намалат манипулациите со откупната цена, што е  еден од најголемите проблеми на производителите, кога во рок од еден ден  цената се менува и по неколку пати.

Трипуноски вели дека годинава извозот на домати и краставици е зголемен за 20% во однос на претхоната година, но почетната откупна цена на овие култури била многу помала од лани. Земјоделците велат дека неделните цени не се новина во земјоделството и се проверен и посигурен модел за сигурен пласман на производството.

Посетата на директорот на државниот инспекторат по земјоделство во струмичкиот регион, доаѓа по онаа на министерот за земјоделство со производителите и трговците пред неколку недели, која беше на барање на градинарите кои протестираа поради ниските откупни цени. Од инспекторатот потсетуваат дека земјоделците можат да ги пријавуваат сите неправилности во врска со откупот на бесплатна телефонска линија, со што би се водела поголема контрола врз работата на откупните центри.

Препорачуваме:

Почна традиционалната манифестација Самун ем Татлија во Радовиш

Ване Трајков

По повод Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици одржана крводарителска акција во ТППЕ Струмица

Ѓ. K.

Национална конференција на тема „Македонското земјоделство и климатските промени„ одржана во Струмица

Dimitar Micev