Свет

Џорџ Озборн: Додека сум жив Турција нема да влезе во ЕУ

Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн изјави дека Турција нема да се приклучи кон Европската Унија, демантирајќи еден од аргументите што го користат поддржувачите на излегувањето на Велика Британија од Унијата, кои предвидувааат поголема миграција додколку Турција биде примена во ЕУ.

  • Не мислам дека ова ќе се случи додека сум жив – рече вчера Озборн за телевизијата Би-би-си.
    „Ќе стане ли Турција членка на ЕУ? Не, нема“ – рече министерот.

Стравувањата меѓу некои од избирачите дека бројот на лица кои доаѓаат на Островот е излезен од контрола, е една од слабите страни на кампањата за поддршката на Озборн и премиерот Дејвид Камерон за останување во ЕУ пред референдумот на 23 јуни.

Озборн беше запрашан за предвреме искажаната поддршка на Камерон за приклучувањето на Турција кон ЕУ. Во 2010 година премиерот кажа дека ќе биде „најголемиот поддржувач“ за влезот на Турција.

  • Турција се врати наназад. За таму имаме стравувања за почитувањето на демократијата и човековите права – рече Озборн и дополни дека сегашната позиција на британската влада е дека таа не треба да се приклучи кон ЕУ.

Препорачуваме:

ВИДЕО- Кога песочна бура ќе го покрие цел град

Dimitar Micev

БРИТАНСКИ ЕПИДЕМИОЛОГ: Индискиот сој на коронавирус се пренесува 60 проценти побрзо од британскиот

„Фајзер” и „Бионтек” бараат нивната вакцина да се користи за деца од 12 до 15 години

Стојне Митева