Свет

Обнова на гробот на Исус Христос во Ерусалим

Екипа од аксперти и конзерватори започнаа со обнова на стариот гроб во Ерусалим, каде христијанските верници веруваат дека бил закопан Исус Христос.

Станува збир за прва обнова на гробот по повеќе од 200 години. Последен пат вакви работи биле преземени уште во 1810 година.

Обновата на гробот, кој се наоѓа во црквата на Светиот гроб, има за цел да ја засили и конзервира структурата на објектот, што е постојано во допир со посетители, туристи и верници од целиот свет.

Досегашнто несогласување и стариот ривалитет меѓу Грчката православна црква, Католичката и Ерменската црква, за тоа кој да има доминантна улога во овој верски објект и гробот на Исус Христос, предизвика многу пати досега да се одлага почетокот на градежните работи на реставрацијата.

Овие три христијански цркви се одговорни за управувањето со црквата на Светиот гроб, но делат одговорност за светилиштето.

Лошите односи меѓу грчката и ерменската црква, во 2008 година ескалираа со општа тепачка на свештениците, па мораше да интервенира израелската полиција, за да се воспостави ред.

Градежните работи треба да траат меѓу девет и 12 месеци, а реставрацијата ќе чини 3,3 милиони долари.

Дел од парите за обновата се лична донација на јорданскиот крал Абдула Втори. До војната во јуни 1967 година, стариот (источен) дел од Ерусалим каде се наоѓаат цркавата и гробот на Исус Христос, беа на јорданската територија во до тогаш поделениот град.

Иако целиот град сега е под контрола на израелските власти, Јорданците и натаму имаат улога во обезбедувањето на муслиманските и христијанските свети места.

Препорачуваме:

Во Австрија започна четвртото заклучување-затвoрени кафулиња и ресторани

Сузана Мицева

Бугарските власти ќе ги презентираат резултатите од инспекцијата на автопатот по трагичната несреќа на „Струма“

Сузана Мицева

По речиси една година пандемија, во светот постојат земји што не пријавиле ниту еден случај