Регион

Заврши полагањето на првиот екстерен предмет. Дел од прашањата непознати за учениците

И годинава екстерното тестирање сее страв и паника помеѓу учениците. Основците и средношколците мака мачат со полагањето на екстерниот тест. Коментираа дека дел од прашањата биле непознати за нив, а имало и такви кои воопшто не им биле дадени на увид. Седнаа на жешкото столче, ги разгледуваа прашањата, почнаа со одговорите, а кој како ќе завршеше ја напушташе училницата. Некои излегуваа со насмевка, кај други пак имаше страв дали ќе го поминат екстерниот тест. За некои тешко, за други лесно, но сите очекуваа дека ќе поминат со позитивни резултати.

Од струмичките училишта велат дека екстерното оценување почнало навреме со мали технички пречки, но со нивно навремено отстранување процесот се одвивал без поголеми проблеми.

Екстерното оценување започна денеска и ќе трае до 11 јуни. Оценките од овој тест ќе бидат впишани во свидетелствата и ќе бидат земени во предвид при пресметувањето на просечниот успех на ученикот. Предност во полагањето и во добивањето на резултатите ќе имаат осмоодделенците поради претстојните уписи во средните училишта.

Препорачуваме:

Шахпаска: Догодина треба да се заврши изградбата на новата градинка во Валандово

Во среда крводарителска акција во чест на Борис Трајковски

Сузана Мицева

ОТСТАПЕНИ ДВЕ ВОЗИЛА ЗА ПОЖАРНИКАРИТЕ ОД ГЕВГЕЛИЈА.