Свет

Без лична карта веќе нема да можете да користите Фејсбук!

Европската комисија предложла, за пријавување на друштвените мрежи во иднина да се користат национални лични карти, кои се користат во повеќете земји на ЕУ, освен Данска и Велика Британија.

Па така, наскоро можеби наместо корисничко име и лозинка да внесуваме податоци од личната карта.

Идејата ја презентирал подретседателот на Комитетот за единствен дигитален пазар на Европската комисија, Андрус Ансип, а од документите кои протекоа од тој дел на Европската Унија очигледно е дека се сака да се поттикне поголема употреба на личните документи во оваа област.

  • Онлајн платформата треба да користи податоци кои ги признаваат националните државни тела, како лични карти, банкарски картички или слични документи. Ситуација во која секое лице може да има повеќе кориснички имиња и лозинки, не само што е неконтролирано, туку може да стане безбедносен ризик – стоело во документите на Европската комисија, кои се од 25. мај оваа година.

Ансип по потекло е од Естонија, која може да се пофали со високо развиен систем за издавање на лични карти. Главна причина за воведување на лични карти и слични документи во онлајн светот е за да се спречат се почестите лажни профили, коментари кои доведуваат до заблуда кај корисниците.

Предлогот на комисијата не поминал добро кај мнозинството граѓани на ЕУ, бидејќи страдуваат дека со тоа се ограничува слободата на говор на интернет.

Сличен предлог даде во 2011. година американскиот претседател Барак Обама, велејќи дека треба да се воведат посебни лични карти за интернет корисниците.

Препорачуваме:

Рекордна инфлација во Германија

Сузана Мицева

По 30 евра за сите српски граѓани кои се вакцинирани, 50 за пензионери

Стојне Митева

СЗО: Внимателно ја следиме новата варијанта на вирусот Ковид

Ѓ. K.