Регион

СОУ „Димитар Влахов„ организираше отворен ден за учениците од основните училишта

Земјоделско – ветеринарна, хемиско – технолошка и здравствена струка, се насоките кои СОУ „Димитар Влахов„, од Струмица ги нуди годинава на идните средношколци. Сите оние кои сакаат средното образование да го продолжат токму во оваа училиште, на располагање имаат повеќе профили од секоја струка: техничар за фармерско производство, за хортикултура, прехрамбен техничар, фармацевтско-лабараториски техничар, медицинска сестра.

Учениците и вработените од СОУ „Димитар Влахов„, денес организираа отворен ден за деветтодделенците од Струмица, Василево, Босилово и Ново Село. Целта беше преку интересна презентација, учениците да се запознаат со работите и активностите на оваа училиште.

Ученици од СОУ „Димитар Влахов„, досега имаат освоено многу награди и признанија, што покажува дека училиштето располага со доста талентирани ученици.

Препорачуваме:

Млади правници со бесплатна правна помош на семејства со ниски приходи

Dimitar Micev

6,1% ОД КОВИД ПАЦИЕНТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ПОЧИНАЛЕ ВО ВОНБОЛНИЧКИ УСЛОВИ

Стојне Митева

Фото: Карневал во Ново Село