Спорт

Пионерите на Беласица со победнички пехар од регионалната лига

Пионерите на Беласица  ја освоија регионалната лига и се победници во овој дел на државата за генерацијата 2000-2001. Во рамките на последното коло од ова натпреварување ги совладаа пионерите на Тиквеш од Кавадарци со 3:0 и го освоија победносниот пехар. Инаку ова е прво младинско натпреварување на струмичките сино бели дечиња откако речиси шест години  не функционираа младинските погони на Беласица.

,, Се враќаме на старите патеки овие, дечиња се иднината на струмичка Беласица,, кусо изјави сопственикот на Беласица Славчо Васков Пинда

Препорачуваме:

ФК ,,Серта,, и општина Конче организираат турнир во мал фудбал со награден фонд од 230 илјади денари

Видео – Турнирот во мал фудбал во Василево со награден фонд од над 200 илјади денари

Ване Трајков

Видео – Струмичката надеж Секулов стана шампион со Јувентус на Италија

Ване Трајков